Пандемијата ја чинела Данска над 16 милијарди евра

Од почетокот на пандемијата до првиот квартал во 2022 година, Данска во справувањето со Covid-19 потрошила околу 16,1 милијарди буџетски евра, или 120 милијарди круни, се наведува во извештајот кој во понеделникот го објави данската државна агенција за статистика.

Парите потрошени на здравствените установи, кои ги покривале трошоците за вакцинирање, тестирање и лекување, сочинува 28 отсто од вкупната сума. Од друга страна, пакетите за поддршка на стопанството сочинуваат 68 отсто од овие расходи.

Во споредба со другите земји, Данска со своите шест милиони жители многу се потпираше на тестирањето во текот на раните фази од пандемијата. Тие тестови на крајот чинеле вкупно околу 2,3 милијарди евра, или 17,8 милијарди круни, или повеќе од половината пари потрошени на здравството. Програмата за вакцинирање чинела околу 873 милиони евра, или 6,4 милијарди круни.