Денеска во кујната на Нетпрес се готви вкусна паста карбонара и слатки мафини.
Потребно:
околу 100 гр сланина
2 големи лажици маслиново масло
4 големи јајца
1 жолчка
околу две големи лажици пармезан
бибер и сол
1 пакување шпагети
Подготовка:
Ставете ги тестенините во тенџере со вода да се варат. Додека се приготвуваат шпагетите исечете ја сланината во мали тенки парчиња и испржете ја во маслиново масло се додека не ја смени бојата. Внимавајте, бидејќи сланината треба да остане мека, а не препржена.
Потоа, во еден сад изматете ги јајцата заедно со едната жолчка и додадете го пармезанот. Ставете бибер и сол по желба. Откако шпагетите ќе се сварат, исцедете ги и додадете ја смесата со јајца и пармезан. Ова добро измешајте го и уживајте!
Слатки мафини, радост за душа.
Потребно:
2 јајца
5 шолји шеќер
7 шолји брашно
2 шолји масло
1 пакетче прашок за печиво
1 лажиче екстракт од ванила
1/4 л кисело млеко или јогурт или млеко или кисела вода
Подготовка:
Земете еден голем сад, изматете ги јајцата со шеќерот. Ставете го маслото, па киселото млеко, па брашното. Матете со миксер. Додадете ги пецивото, ванилата и ванилиниот шеќер. Измешајте се убаво со миксер. Внимателно претурете од смесата во хартиените корпи. Ако немате хартиени корпи, ставете го тестото во претходно намрсени со маргарин и попрскани со брашно калапи. Внимателно претурете го филот во корпите или калапите, притоа внимавајќи да не ги преполните, колку и да сакате тоа да го направите, затоа што ќе претечат во текот на печењето. Во секое мафинче, брцнете по неколку вишни, претходно добро исцедени. Печете околу 30-35 минути во претходно добро загреана рерна на 250 целзиусови степени. Испечените мафини извадете ги од калапите и ставете ги на чинија да се оладат. Од оваа смеса излегуваат 24 мафини.