Пентагон: До крајот на годината е разумно да се очекува одредена верзија на вакцина за коронавирусот

Научничка од Американската воена програма за истражување на заразните болести изјави дека е оправдано до крајот на оваа година да се очекува одредена форма на вакцина против коронавирусот да биде достапна за дел од населението во САД.

Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, на 15-ти мај најави дека американската војска и владата имаат намера до крајот на 2020 година да произведат вакцина во соработка со приватниот сектор.

Полковничката Венди Сајмонс-Џексон, директорка на Американската воена програма за истражување на заразните болести во вторникот на прес-конференцијата во Пентагорн изјави дека е „разумно да се очекува форма на вакцината, којашто до крајот на годината ќе биде достапна за одреден дел од населението“.

Нејзиниот колега, др Кејвон Модџаред додаде дека истражувачите за новиот вирус „учат побрзо отколку за кој и да е друг вирус претходно“. „Значи, изработката на вакцина за само неколку месеци, од концептот па сѐ до третата фаза од клиничките испитувања и потенцијалното одобрување, е без преседан. Но верувам дека во вакви околности многу од ова е можно“, додаде.

Научниците од споменатата воена програма на САД велат дека е во тек соработката со американски и меѓународни фармаколошки и биотехнолошки компании, меѓи кои се „АstraZeneca“ PLC, „Johnson&Johnson“, „Moderna Inc“ и „Sanofi SA“.

Соработката се одвива во правец на развој на лекови и вакцина, а американската армија кон крајот на летото планира да ја тестира својата верзија на вакцината кај луѓето.

Научниците кои ги водат американските истражувања кон крајот на мај рекоа дека САД планираат да изведат масовно тестирање на најмалку пет типа вакцини кои најмноги ветуваат, на повеќе од 100.000 волонтери за до крајот на 2020 година да може да испорачаат безбедна и ефикасна вакцина.

 

Швајцарска компанија се надева на производство на вакцина месец и пол пред планираното

Истовремено, швајцарската компанија за производство на лекови „Lonza Group AG“, којашто склучи договор со американската биотехнолошка компанија „Moderna“ со цел што побрзо производство на вакцина, во вторникот соопшти дека ја забрзува работата на развојот на две линии експериментални вакцини против Covid-19, за производството за започне четири до шест седмици порано од планираното.

Предуслов за тоа е нивните поректи да се покажат успешни, изјави директорот на швајцарскиот произведувач на лекови, Алберт Баени.

Компанијата „Lonza“, којашто се надева дека до јули ќе направи помали серии од активни состојки на експерименталната вакцина за „Moderna“, сега настојува да ја приведе кон крај комерцијалната произведствена линија во Портсмут, речиси еден месец од првично предвидениот датум, а тоа веше декември 2020 година, додаде Баени.

Втората комерцијална линија на којашто се работи во швајцарските лаборатории на „Lonza“ во Висп, чие завршување е планирано за јануари или февраури 2021 година, во сегашните околностие би можела да биде подготвена веќе во декември, додаде челникот на компанијата.

Во „Moderna“, којашто со „Lonza“ во мај годинава потпиша десетгодишен договор за производство, минатата седмица извела тестирања на 600 пациенти.

„Четири до шест седмици порано…, тоа би било извонредно. Технологијата ни е позната и без проблеми напредуваме во производството. Доколку можеме да го забрзаме, ќе го направиме тоа. Работитем со брзината на пандемијата“, рече Баени.

Сепак, стручњаците не очекуваат дека вакцината ќе биде одобрена најрано пред 2021 година, бидејќи вакцините мора да минат опсежни испитувања на луѓе пред да бидат подготвени за користење на стотици, ако не и милијарди луѓе.