Американските воздухопловни сили по вторпат го одложија преземањето на воздухопловните танкети КС-46 на производителот „Boeing“ поради нерешените проблеми со квалитетот.
Одлуката била донесена на 23-ти март, објави секретарката на вооружените сили Хетер Вилсон на седницата за буџетот во американскиот Конгрес.
„Военото воздухопловство повторно го суспендираше преземањето на новите воздушни танкори КС-46. Ја продолжуваме соработката со Boeing за сите испорачани летала да ги исполнат највисоките стандарди за безбедноста и квалитетот“, рече Вилсон.
Инспекторите, според неда, во новите авиони откриле „остатоци од надворешни тела“ кои не требало да бидат таму, а утврдени се и други области „во коишто Boeing не ги задоволува стандардите. Проблемите „не се поврзани со нацртите, ниту со проектните спецификации“, истакнале Вилсон.
Ова не е првпат Boeing да се оочува со вакви критики. Американските водухопловни сили го преземаа првиот воздушен танкер КС-46 во јануари, со поевеќе од една година задоцнување. Во моментов имаат седум вакви авиони, а во рамка на програмата палнираат да купат вкупно 179.
Воздухопловните танкери КС-46 требаше да ги замени постарите типови КС-10 и КС-135, од кои многу се произведени во време на Студената војна. Пентагон ги избра воздушните танкети на Boeing во 2011 година, по жестоката битка на американскиот гигант и европскиот Airbus за оваа извонредно скапа работа.