Бугарскиот премиер Кирил Петков очекува Македонија да направи некаков вид институција при Владата токму за правата на Бугарите.
Вели дека бугарското вето ќе биде повлечено откако работата ќе биде завршена. Како што пренесува „Нова ТВ“, Петков кажал дека долгорочниот интерес на Бугарија се совпаѓа со интересот на Македонија, бидејќи, како што вели, никој не сака сосед кој не е во ЕУ и со затворени граници.
Петков нагласи дека неговата Влада нема да прави ништо без одлука на бугарскиот Парламент и ништо нема да биде сокриено од јавноста. Петков нема да ја посети Македонија наскоро, беше соопштено претходно.
Бугарија извесно време бара внесување на Бугарите во македонскиот Устав.