Компанијата Phillip Morris International се најде на листата на највлијателни и најиновативни компании на глобално ниво, според рангирањето на угледното списание CEOWORLD.
Списанието CEOWORLD годишно ја рангира корпоративната репутација врз основа на анкетирање на приближно 620.000 раководители, директори, деловни лидери, приватни инвеститори, инвестициски банкари и финансиски аналитичари ширум светот. Рангирањето има за цел да ги идентификува највлијателните и најиновативните компании во и низ индустриите. Индексот наречен CEOWORLD Best Global Companies е широко следен и се смета за едно од најреномираните глобални рангирања.
Извршниот совет на списанието CEOWORLD ја оценува подобноста на компаниите врз основа на осум основни критериуми. Тука спаѓаат пазарната капитализација, ликвидност, седиште, јавен промет, застапеност на индустриите во глобалната економија, финансиска одржливост, времетраење на јавно тргување и берза.
Највлијателните и иновативни компании на списанието CEOWORLD се избираат од различни сектори и се оценуваат од глобалната мрежа на уредници и дописници на CEOWORLD, како и експерти од индустријата. Студијата е заснована на листата на најдобри компании во секој од 20-те сектори. Процесот на селекција зема предвид неколку фактори, вклучувајќи ја пазарната капитализација и бројот на вработени.
Со постојано унапредување на портфолиото на производи без чад, компанијата Phillip Morris International ја потврдува својата посветеност на мисијата – иднина без чад од тутун и продолжува да ја води трансформацијата на тутунската индустрија кон намалување на штети. Бројот на пушачи, во многу земји кои интензивно ја спроведуваат стратегијата за намалување на штети, е значително намален со користење на алтернативни производи без чад, како што се уредите за загревање на тутунот. Компанијата Филип Морис, како светски лидер за овој вид производи, продолжува да придонесува со овие позитивни промени, како на светскиот така и на македонскиот пазар.
На глобално ниво, производите без чад на Philip Morris се продаваат на повеќе од 82 пазари. Денес, преку 27,4 милиони возрасни пушачи ширум светот се корисници на IQOS, од кои 72% целосно се откажале од пушењето, или повеќе од 19,7 милиони.