Рускиот натпреварувач во уметничко лизгање Евгениј Плушенко, кој пред неколку дена објави крај на кариерата, сега вели дека се предомислил. Плушенко истакна дека ја завршува кариерата откако се повлече од индивидуалното натпреварување на Игрите во Сочи поради повреда на грбот, но вели дека може би ќе се најде во Пјонгчанг во 2018 година.
„Доколку биде потребно, ќе одам уште на десет операции. Не ја исклучувам можноста да учествувам и на своите петти Зимски олимписки игри. Јас секако сакам да останам во спортот, да им докажам нешто на многумина, изјави Плушенко.
Плушенко зад себе има олимписко злато од Торино 2006, додека во Солт Лејк Сити четири години претходно и во Ванкувер во 2010 мораше да се задоволи со сребрениот медал.