Полицијата употреби сoлзавец на протестот на Жолтите елеци во Париз

Немири избувнаа во саботата на протестниот собир на граѓанското движење Жолти елеци во 17-от арондисман на француската престолнина Париз, при што полицијата повеќепати употребила солзавец, пренесуваат медиуми.

Колоната демонстранти која се протегала од плоштадот Ваграм кон Монмартр беше закажана за 13,30 часот по локални време. Првите демонстранти започнале да се собираат на најавената локација уште во 10 часот претпладнето. На почетокот протестот бил мирен, но по извесно време се придружиле и група агресивни лица, кои фрлале камења врз полицијата и ги палеле контејнерите со ѓубре. Како одговор и во обидите хулиганите да бидат потиснат, париската полиција употребила солзавец, пренесе AFP.

Според последните информации, досега на парискиот саботен протест на Жолтите елеци приведени се 128 демонстранти.

Протести на Жолтите елеци се планирани денеска и во други реони на Париз. Како и во други градови ширум Франција.

Движењето на Жолтите елеци се појави со својот прв голем протест на 17-ти ноември 2018 година. Името го доби според рефлектирачките елеци кои се задолжителни за франциските возачи а кои ги носеа демонстрантите.

Првично, демонстрантите бараа да не се зголемува данокот на горивото и цените на бебзините, а потоа беа истакнати и низа други барањ. Од тогаш Французите незадоволни од социјалните политики на владата на претседателот Емануел Макрон речиси секоја сабота излегуваа на протести, кои честопати се придружени со немири и судири меѓу демонстрантите и полицијата.