Попова: Шилегов го прекршува Законот за средно образование и незаконски поставува в.д директори кои не ги исполнуваат законските услови

На денешната седница на Градот Скопје советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова истакна неколку прашања кон градоначалникот Петре Шилегов, за сомневања од видното прекршување на Законот за средно образование во поставувањето на директори во неколку средни училишта во град Скопје.

Таа објасни дека во врска со член 91 став 2 кој се однесува на немање на сертификат за познавање на странски јазик кај дел од нив кои немаат положено директорски испит, а имало и такви кои што немаат ни 5 години стаж во образование, услов кој што е основен за здобивање на сертификатот за директорскиот испит. Советничката истакна дека поседува информации кои говорат за незаконско поставување на директори, каде се поднесени претставки до Државниот просветен инспекторат, направени биле увиди во тие предмети од страна од просветните инспектори во Градот Скопје, по што градот е известен, но досега не се превземени никакви активности.

Од тие причини таа постави три прашања до градоначалникот Шилегов за три средни училишта: -За првото училиште средно училиште Шаип Јусуф дали при именување на В.Д вршител на должност ги испочитувавте законски одредби од Законот за средно образование, дали ова именување е во согласност со законот по челновите 91, 92 и 93 од истиот закон ? -За средното училиште Марија Кири Склодовска дали при поставување на вршител на должност во тоа училиште ги испочитувавте законските одредби од Законот за средно образование односно дали за ова именување е во согласност со наведените членови од истиот закон ?

-За средното училиште Димитар Влахов дали при именување на вршител на должност ги почитувавте законските одредби од Законот за средно образование, односно повторно длаи ова именување е во согласност со наведените членови од истиот закон ? Од дискусијата градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов одговори дека не се прекршени законските одредби во именувањата за вршители на должноста во споменатите училишта.

Советничката на Град Скопје Ирена Попова побара на писмено да и се одговорат поставените прашања и повторно го праша градоначалникот Шилегов дали вршителот на должност во средното училиште Шаип Јусуф, односно директорот има 5 години работен стаж во образование. Шилегов истакна дека советничката на ВМРО-ДПМНЕ не направила разлика помеѓу именување и избирање на вршител на должност, но таа му реплицираше дека во законот е многу добро пропишано што значи именување и избирање на вршител на должност и побара на писмено да се одговорат поставените прашања од страна на градоначалникот затоа што видно станувало збор за прекршување на Законот за средно образование.