Потврдени девет мртви и 200 исчезнати по пукањето на рударската брана во Бразил

Најмалку девет луѓе загинале а 200 се водат како исчезнати по пукнување на браната која ги задржувала отпадните води и кал од рудникот за железна руда „Vale“ во сојузната бразилска држава Минас-Жераис, соопштено е во саботата, откако локалните власти претходно во петокот објавија за најмалку педесет жртви.

Деветте тела на настрадани се најдени неколку часа по пукнувањето на браната, меѓутоа се очекува дека бројот на загинатите ќе биде многу поголем, изјави во саботата Авимар де Мело Барселос, градоначалник на градот Брумадињо во државата Минас-Жераис.

Директорот на бразилската рударска компанија „Vale SA“, којашто е една од најголемите рударски компании на светот, Фабио Шкартцман, изјави дека од 300-те работници од местото на инцидентот, само третина се пронајдени.

Пукнувањето на браната предизвикало вистинска река од кал која го срамнила ресторанот на браната во кој стотици работници во тоа време ручале. Сѐ уште не е јасно што го предизвикало пукнувањето на насипот со отпади од металуршката индустрија.

Откако тројца министри го посетија местото на несреќата во петокот, во саботата претпладне по локално време се очекува таму да пристигне и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро.

Шансите за наоѓање преживеани меѓу лицата кои се водат како исчезнати се „многу мали“, вели гувернерот на Минас-Жераис, Ромеу Зема. „Полицијата, пожарникарите и војниците прават сѐ за евентуално преживеаните да ги извлечат на сигурно, но знаеме дека шансите се сега многу мали и најверијатно ќе пронајдеме само тела“, изијавил Зема за новинарите во Брумадињо, општината во која е руднико во кој пукна браната.

Инцидентот се случил во раните попладневни часови во петокот во Брумадињо, општина со 39.000 жители, 60 километри југозападно од Бело Хоризонте, административниот центар на споменатата сојузна држава.

Оваа сојузна држава сѐ уште закрепнува од пукнувањето на браната во ноември 2015 година во рудникот во Самарку, исто така во сопственост на „Vale SA“ и на англиско-австралиската групација BHP, кога загинаа 19 луѓе во дотогаш најтешката еколошка катастрофа во Бразил. Тогаш беше затрупано цело село и истече отровен отпад во реката. Направена е непроценлива штета за природната средина во близина на Мариана, околу 150 километри од Бело Хоризонте. Тогаш стицици квадратни километри беа преолавени од каллив порој кој мина низ две бразилски сојузни држави и преку реката Рио Доче се влеа во Атлантскиот Океан минувајќи 650 километри.