![sad iran protest](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/sad-iran-protest.jpg?resize=650%2C365&ssl=1)
Речиси 52 отсто од анкетираните Американци веруваат дека атентатот врз командантот на иранските специјални сили, генералот Касем Сулејмани на 3-ти јануари во Багдад, довело до загрозување на безбедноста на САД, покажува испитувањето на јавното мнение спроведено од телевизијата ABC News и институот Ipsos.
Испитаниците биле прашани за промената на безбедносната ситуација за САД во врска со нападот на американската војска во кој беше убиен Сулејмани. Притоа 52 отсто од испитаниците одговорител дека опасноста за Соединетите држави е зголемена, додека спротивно мислење имале 25 отсто. Дека ситуацијата во безбедносна смисла не е променета, пак, сметат 22 отсто од испитаниците, додека другите не одговориле.
Испитаниците, исто така, биле прашани дали ги одобруваат мерките преземени од претседателот Доналд Трамп во врска со ситуацијата околу Иран. Притоа, 43 отсто одговориле позитивно, додека 56 отсто од нив имале негативно мислење.
Дури 73 отсто од испитаниците признале дека на некој начин биле загрижени за можноста од избувнување војна меѓу САД и Иран. А 27 отсто изјавиле дека тоа речиси или воооопшто не ги загрижува.
Притоа дури 94 отсто од демократите и 52 отсто од републиканците рекле дека се многу или донекаде загрижени за можноста САД да бидат во уште една војна на Блискиот исток. Само 6 отсто од испитаниците кои се изјасниле како гласачи на Демократската партија изјавилде дека воопшто не биле загрижени.
Партиски неопределените испитанции со 72 отсто изразиле загриженост од можна нова војна.
Во ставовите за внатрешните работи како што е импичментот, исто така, доминира партиската определенсот. Така, 66 отсто од демократите и само 10 отсто од републиканците сметаат дедека челниците на Демократската партија во Конргесот се придржуваат кон уставната должност да осигураат целосен судски процес во Сенатот.
Наспроти тоа 81 отсто од републиканците и само 8 отсто од демократиет сметаат дека наводите против Трамп не се сериозни и дека демократите сакаат да собера политички поени.
Анкетата била спроведена на 10-ти и 11-ти јануари на целата територија на САД оди со неа биле опфатен 525 полнолетни испитаници.