Со оглед на многуте шпекулации за тежината на проблемите, челниците на составот од „Максимир“ денеска излегоа со официјално соопштение, во кое не прецизираа кога ќе се врати на теренот, но потенцираа дека не е толку страшно колку што се мислеше синоќа.
„Врз основа на големиот интерес на медиумите и некои неосновани информации што се појавија во медиумите, а поврзани со шпекулациите за здравствената состојба на капитенот на Динамо, ја информираме јавноста дека лекарските тестови покажаа мало оштетување на десниот мускул на ногата. Клупската медицинска служба го почна процесот на рехабилитација и физикална терапија, а во зависност од текот на овој процес ќе се дефинира времето на враќање на нашиот капитен во тренажниот процес. Адеми денеска веќе се чувствува многу подобро“, изјавија од Динамо.
Ова е одлична вест и за новиот македонски селектор, Благоја Милевски, со оглед што на стартот од септември го чекаат три исклучително тешки дуели во квалификациите за СП 2023 и тоа против Ерменија и Романија на домашен терен и на гости кај Исланд.