Се води потрага по 11 лица по пожар кој избувнал во средата утрото во одморалиште за лица со инвалидитети на истокот на Франција, објавија локалните власти.
Пожарот избувнал во одморалиштетот во градот Винтсенеим близу Колмар во североисточниот регион Алзас.
Францускиот министер за внатрешни работи Жерлд Дерманен изјави дека се многу можни жртви, бидејќи пожарот го зафатил комплексот на одморалиштето з алица со инвалидитети.
На местото на несреќата пристигнале 76 пожарникари и 40 припадници на жандармеријата и успеале да го стават пожарот под контрола. Притоа евакуирани се 17 луѓе, а едно лице е пренесено во болница.
Засега спасувачките служби не можат да утврдат за исчезнатите лица дали се гости на одморалиштетот или се од нивната придружба.