Преглед Премиер лига: Евертон по 20 години славеше на „Енфилд“

Повеќе од дваесет години навивачите и играчите на Евертон чекаа гостинска победа во ливерпулското „Мерсисајд дерби“, а ја дочекаа во саботата во дуелот од 25-то коло на англиската Премир Лига, во кој со 2:0 го совладаа пославниот градски ривал и актуелен англиски шампион Ливерпул.

Евертон до првиот погодок стаса уште во 3 минута кога Џејмс Родригез идеално го проигра Бразилецот Рочарлисон кој го совлада сонародникот Алисон на голот на Ливерпул. Џордан Пикфорд со одличните реакции во повеќе наврати играчите на Ливерпул да израмнат, за во 81 минута Трент Александер Арнолд да направи пенал кој две минути подоцна за конечни 2:0 да го реализира Гилфи Сигурдсон.

Во првото полувреме, играчот од средниот дел на Ливерпул Џордан Хендерсон го напушти теренот поради повреда. Вкупно, во составот на Ливерпул поради повреди во моментов недостигаат дефанзивците Вирџил ван Дајк, Џо Гомез и Жоел Матип, како и играчите од средниот ред Диего Жота, Џејмс Милнер и Фабињо. Поразот му го расипа јубилејот на ливерпуловиот напаѓач Роберто Фирмињо за кого ова беше 200-от меч за екипата, во кои постигна 84 погодоци и впиша уште 67 асистенции.

До овој дуел Евертон немаше победа на „Енфилд“ од септември 1999 година со 1:0. Потоа „Карамелите“ беа поразени на 14 соочувања на стадионот на Ливерпул во сите натпреварувања а ремизираше 10 пати.

Ливерпул до доживеа четвртиот поледователен првенствен пораз и четврто пат во низа екиата на Јурген Клоп е поразен на „Енфилд“. Евертон остана седмото место со 40 бодови, но сега се израмни со шестопласираниот Ливерпул, но тимот на Карло Анчелоти има и меч помалку.

 

Претходно двата саботни натпревари беа завршени без победник. Барнли и Вест Бромвич Албион одиграа дуел без победник а мечот меѓу Саутемтон и Челзи заврши 1:1. Домашните поведоа во 33 минута со голот на Такуми Минамино, а гостите израмнија во 54 минута од пеналот кој го реализираше Мејсон Моунт а самиот го избори.

Челзи со 43 бодови е на четвртото место, а пред него се во водство се Манчестер Сити со 56 бодови, Манчестер Јунајтед и Лестер Сити со по 46 бодови. Саутемтон со 30 бодови е на 13-то место, Барнило со 28 бодови е на 15-тио а ВБА со 14 бодови е на претпоследното 19-то место.

 

Во последниот натпревар од саботната програма Фулам на своијот „Кревен Котиџ“ го совлада Шефилд Јунајте со минималните 1:0. Фулам беше изразено надмоќен во првиот час од мечот на екипите од дното на табелата, а домашните тоа успеаја да го реализираат во 61 минута кога Адемола Лукман ѝ побегна на гостинската одбрана, ја искористи млаката рекација на противничките бекови и со силен удар од близина ја затреесе мрежата. До примениот погодок Шефилд немаше ниеден удар кон противничкиот гол, дури ни надвор од рамките, за на крајот од меќот неколкупати да се закани но не успеаја да дојдат до израмнување.

Фулам се извлече од 18-то место, но сега спасоностната 17-та позиција на табелата му бега за три бодови која ја има Њукасл со 25 бодови. Шефилд Јунајтед е убедливо последен 20-ти со само 11 бодови.

 

Во недела се играат натпреварите: Вест Хем – Тотенхем, Астон Вила – Лестер, Аренал – Манчестер Сити, Манчестер Јунејтад – Њукасл и Брајтон – Кристал Палас.