Прилепчанец го загуби животот во сообраќајна несреќа

Архивска илустрациа

Основното јавно обвинителство Прилеп во четвртокот соопшти дека ја истражува сообраќајната несреќа од претходниот ден во која животот го загуби едно лице

Во средата околу 16,20 часот се случила сообраќајна незгода на патот Прилеп – село Присад, меѓу автомобил „фолксваген пасат“ управувано од жител на Прилеп и возило „лада 1600“ управувано од сега починатиот.

Во несреќата животот го загуби возачот на „ладата“, жител на Прилеп на возраст од 36 години.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп изврши увид на лице место заедно со екипа од крим-техника при МВР ПС Прилеп, издадени се наредби за подигање и обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ. Издадена е и наредба за обдукција врз телото на починатиот за утврдување на причините за смртта.