Проекција на филмови во дворот на Кинотека

Од 10 до 13 јули, во дворот на Кинотека почнува летната програма, во која ќе се прикажуваат 4 современи филмови од годинешниот Европски филмски предизвик.

Од Кинотеката информираат дека според актуелниот Протокол за организирање јавни настани ги воведува следниве правила: задолжителна дезинфикација на рацете при влез во дворот и објектот, задолжително носење на маска или заштита преку устата и носот, задолжително одржување на дистанца додека се следи проекцијата, пушењето за време на проекција е непожелно, забрането е внесување на пијалоци (алкохолни и безалкохолни).

„Ве замолуваме заеднички да се погрижиме за чистотата на гледалиштето и дворот на Кинотеката, како и секој самостојно да ги одложи своите отпадоци во корпите по проекцијата“, апелираат од Кинотека.

Цената на билетот е 100 денари, а со него посетителите добиваат и бесплатен освежителен пијалак.

10 јули, 21.00 часот

Господ постои, името ѝ е Петрунија (2019)

Режија: Теона Стругар Митевска

https://www.imdb.com/title/tt8054608/

11 јули, 21.00 часот

Гостин / The Guest (2018)

Режија: Duccio Chiarini

1h 34min | комедија, драма, романса

Италија, Швајцарија, Франција

https://imdb.to/2VJk3GF

12 јули, 21.00 часот

Земјата под моите нозе / The Ground Beneath My Feet (2019)

Режија: Marie Kreutzer

1h 48min | драма

Австрија

https://www.imdb.com/title/tt7902124/

13 јули, 21.00 часот

Сонот на Катрина / Katrina’s Dream (2018)

Режија: Dario Bischofberger, Mirko Bischofberger

Швајцарија, Италија

1h 24min | драма, романса

https://www.imdb.com/title/tt6889924/