Променливо облачно и ветровито време

Во последниот ден од ноември очекуваме променливо облачно и релативно студено време. Во текот на денот наместа облачноста ќе се намалува, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а во североисточниот дел од земјава ќе биде претежно ведро. Во доцните попладневни часови ќе има повторно зголемување на облачноста. Максималната температура ќе се движи од 2 до 7 целзиусови степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот.