Протерани 11 албански државјани кои живееле на депонијата во Струга

135

 

По претходно изречена опомена од Основниот суд во Струга и поднесени пријави за илегален влез во Република Македонија и нелегална работа, полициската станица од Струга, со решение со судско решение во четвртокот протера единаесет албански државјани, на коишто истовремено им е изречена им е забрана за влез во државата во рок од една година.

На 25 јули полициските службеници ги затекнале единаесетте албански државјани на депонијата во Струга каде имале направено импровизирани живеалишта и од каде собирале пластичен отпад. Истиот ден, поради можна поврзаност со случениот пожар на депонијата, тие биле повикани на разговор во полициската станица во Струга.

Целокупната постапка е водена по консултации и насоки од Јавниот обвинител, по што по основ на нелегален престој и работа во Република Македонија, одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар Запад, им поднесе соодветни пријави.
Единаесетте албански државјани, по полициски пат се пренесени до граничен премин и протерани од земјата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.