Денеска пред Владата се одржа протест поради бегството на поранешен премиер Никола Груевски во Будимпешта. Демонстрантите бараа оставка на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, но и притвор за Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК.
Голем дел од демонстрантите беа познати граѓански активисти, дел од ,,шарената револуција’’. Со транспаренти ,,Нема правда, нема мир или заборавивте’’, ,,Вратете го, го сакаме’’, ,,Одговорност’’, ,,Немојте пред народот’’, побараа одговорност од Владата за бегството на Груевски.