ПСЖ го доби Нант на негов терен

Фудбалерите на францускиот фудбалски првак Пари Сен Жермен дојдоа до 19-та победа сеознава, славејќи со 2:1 на гостувањето кај Нант во натпреварот од 23-то коло и останаа водечки на табелата со 15 бодови преднсот пред вториот Марсеј.

Во 29 минута Анхел Ди Марија по нафрлањето на Килиан Мбапе шутираше кон голот на противникот, но топката се одби од Мауро Икарди, па нему му беше впишан погогодокот за водство на ПСЖ. Така Аргентинецот е асистент, а во таквата улога се најде и во 57 минута при голот на Тил Керер за 2:0. Нант успеа да намали во 68 минута, со голот на Мозес Симон. Домашните до крајот на мечот вршеа притисок, но не успеаја да израмнат.

Лил со минималните 1:0 го победио Рен, а голот го постигна уште во 4 минута Лоак Реми. Четвроласираниот Лил, со 37 бодови, со оваа победа се приближи на три бода заостанување зад третопласираниот Рен.

Монако на домашен терен, исто така, со 1:0 беше подобар од Анже. Решавачкиот погодок го постигна црногорскито репрезентативец Стеван Јоветиќ во 18 минута.

Монако сега е деветти на табелата со 32 бодови, колку што има и Нант, а Анже е 13-ти со 30 бодови.

Другите натпревари од 23-то коло ќе бидат одиграни во средата, а се среќаваат Тулуз – Стразбур, Монпелје – Мец, Лион – Амјен, Нимс – Дижон, Брест – Бордо, Ремс – Нива и Сен-Етјен – Марсеј.