Јапонската престолнина Токио во четвртокот го подигна нивото на опасносто од коронавирусот на највисокото, откако забележа рекордни 534 случаи, а локалните власти повикаа на претпазливост во пресрет на масовните забави кон крајот на годината.
Бројот на новозаразените е рекорден и на нивона цела Јапонија и изнесува 2.259 коронаинфекции во последните 24 часа, извести телевизијаа TBS. Меѓутоа, најголема загриженост предизвикува ширењето на вирусот во Токио, чии власти и граѓани се надеваат дека следното лето ќе бидат домаќини на веќе одложените Олимписки игри.
„Бројот на случаите на коронавирусот расте, па разгледуваме чекори кои се потребни, бидејќи новите зарази би можеле да достигнат и над илјада на ден“, предупреди гувернерката на Токио, Јурико Коике.
Најголемото четврто ниво на опасно значи дека „заразата се шири“. Во Токио досега на сила беше второто највисокот ниво, она на кое „заразата почнува да се шири“. Коие изнесе нови препораки за посетување на рестораните пред почетокот на сезината на забавите за крајот на годината. Гувернерката препорча средби во помали групи, останување најмногу еден час и тивки разговори.
Поради растот на бројот на новозаразените ширум земјата, јапонскиот премиер Јошихиде Суга рече дека владата разгледува да воведе рестрикции на работата на рестораните, но не се разгледуваат подрастични ограничувања на движењето на населението. Суга ги повика сонародниците да бидат претпазливи и ја потенцираше опасноста од заразата во рестораните и продавниците за храна.
Во Јапонија во средата биле регистриран рекордот во новите зарази, а според министерството за здравство имало најмалку 2.189 нови пријавени случи на инфекции со коронавирусот, и тоа е првпат оваа бројка да надмини две илјади.
Сепак, гебнералниот секретар на јапонската влада, Кацунобу Като на прес-конференција во средата рече дека во моментов и покрај зголемувањето на бројот на случаите на заразата, владата нема намера да побара од граѓаните да го ограничат своето движење меѓу префектурите.
Минатата седмица, претседателот на јапонската лекарска асоцијација, Тосио Накагава, посочи дека влошувањето на статистичките показатели може да укажува на доаѓање на уште еден, веќе трет бран на коронаинфекциите во земјата. Првиот беше одреден во периодот од април до мај, вториот од крајот на јули до средината на август. Инаку првиот случаи на зараза со новиот коронавирус кај Јапонци беа откриени уште во јануари.
Ситуацијата на ширењето на коронавирусот во Јапонија сега се влоши во услови на олеснивање на рестриктивните мерки и владината програма за попусти на туристичките патувања во земјата, со цел да се помогне на секторот кој претрпел силни загуви, а што го искористиле повеќе од 30 милиони Јапонци.
Во моментов во Јапонија практични нема ограничувања за стопанските активности поради пандемијата. Носењето заштитни маски не е задолжително, туку е препорака и не се казнува неносењето, но жителиет сепак и на улиците претпочитаат да користат опремата за лична хигиенска заштита.