Ронадло: Заминуваме со подигнати глави

82

За репрезентацијата на Португалија, мундијалската авантура зврши веќе во групната фаза, но најголемата ѕвезда во тимот, најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо е убеден дека може дома да се врати со подигната глава иако не е исполнета првата зацртана цел, пласман во 1/8 финалната рунда.

„Заслуживме повеќе, но тоа е фудбалот. Заминуваме со подигнати глави. Знаевме дека мора да постигнеме три гола и да го чекаме резултатот од дуелот на САД и Германија. Но, ете не можевме да дадеме голови, и среќата не не посака“, изјави фудбалерот на Реал (М).

Португалија забележа минимален триумф од 2:1 во последниот натпревар од групната фазам дуелот против селекцијата на Гана, а поради подбра гол разлика, пласман во следната рунда обезбедија репрезентативците на САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.