Во Русија во четвртокот беше објавено дека е одобрена таканаречената „лесна“ варијанта на нејзината првосоздадена вакцина против коронавирусот „Спутник V“, којашто се дава во една доза, за разлика од основната која се аплицира во две дози.
Информацијата за одобрувањето истовремено ја објавија произведувачите на вакцината, односно Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ) и научниот центар „Гамалеја“, и заменичката на рискиот премиер задолжена за здравството Татјана Голикова на средбата со претседателот Владимир Путин која беше директно пренесувана на телевизијата.
Во објавата на РФПИ, која ги финансираше научните испитувања и производствотот на овие вакцини, се наведува дека „Спутник Лајт“ е ефикасен во 79,4 отсто од слуичаите, додека според потврдените странски научни рецензии „Спутник V“ кој се дава во две дози има 91,6-процентна ефикасност.
„Лесната варијанта на Спутник се темели на внимателно испитаната платформа на хуман аденовирусен вектор која се покажа безбедна и ефикасна“,с е наведува во соопштението на РФПИ додавајќи дека цената на оваа варијанта на вакцината „во принцип ќе биде пониска од 10 американски долари“.
Според Александр Гинцбург, директорот на московскиот истражувачки центар „Гамалеја“, кој го произведе и овој препарат за имунизација против коронавирусот, оваа варијанта на „Спутнк V“ ќе овозможи „побрза имунизација на поголеми групи население и задржување на високот ниво на имуноста кај оние кои го прележале“ Covid-19.
Директорот на РФПИ, Кирил Дмитриев, во својата изјава во соопштението оценува дека оваа верзија „значително ја намалува можноста од развивање тешки форми на болеста за кои би било неопходно хоспитализирање“ на пациентите.
Дмитриев наведува дека „Спутник V“, кој се дава во две дози „и натаму ќе биде главното средство за вакцинирање во Русија, а неговата ‘лесна’ варијанта ќе се извезува“.
Русија го има приматот како прва земја во светот којашто создаде и одобри вакцина против коронавирусот SARS-CoV-2, уште во август 2020 година, но конкурентскиот Запад критикуваше поради „преуранетост“ тврдејќи дека сѐ уште не биле спроведен независни масовни клинички испитувања, ткн третата фаза и оти објавените резултати во медицинското списание The Lancet не биле разбирливи за независните рецензенти.
Во февруари годинава The Lancet, кој се смета за еден од највлијателните медицнски магазини во светот, по изведената рецензија од независни експерти, објави дека „Спутник V“ е ефикасен во 91,6 отсто од случаите, со што беа дефинитивно запрени критиките на сметка на неговата ефикасност.
Од тогаш, руската вакцина се испорачува во повеќе од 60 земји во светот и постигнати се десетина договори за нејзини производство во странство, имајќи предвид дека руските капацитети не се доволни за задоволување на побарувачката. Според проценките на производителот, досега со првата доза од „Спутник V“ во светот се вакцинирани повеќе од 20 милини луѓе.