Врз основа на економските показатели од минатата 2022 година, Русија се врати меѓу десетте најголеми светски економии, потврдуваат податоците на Светската банка и националните руски статистички служби.
Во текот на минатата година Русија произвела стоки и услуги во вредност од 2,3 билиони долари, со што го зазема осмото место во светот според тој показател.
Најголема економија во светот во минатата година биле САД со бруто домашен производ (БДП) од 25,46 билиони долари, втора е Кина со 17,94, трета Јапонија со 4,17, а четврта Германија со 4,07 билиони долари.
Натаму следуваат Индија, Велика Британија, Франција и Русија, а во првите 10 економии во светот се и Канада и Италија.