Два руски бомбардери прелетале крај Калифорнија и Алјаска

Два руски стратегиски бомбардери Ту-95 прелетале во близина на крајбрежјето на западните американски сојузни држави Калифорнија и Алјаска, без да навлезат во воздушниот простор на САД, соопшти телевизијата „Фокс њуз“, пренесува ТАСС.

Телевизијата се повикува на податоци од анонимни претставници на вооружените сили на САД. Според нив двата инциденти се случиле на 4 јули во интервал од 30 минути.

Во двата случаи против рускиот авиони биле испратени американски борбени авиони Ф-22. Нема информации колку блиску до Калифорнија и Алјаска прелетале руските бомбардери. Сепак, според реакцијата на Обединетата команда за вселенска и воздушна одбрана на Северна Америка (НОРАД), на што се повикува „Фокс њуз“, појавта на руски воени авиони во близина на американска територија не предизвикало голема тревога.

Руските стратегиски бомбардери често извршуваат тренинг летови над водите на Тихиот и Северниот леден Океан. – Тие летови не се без преседан, но не можеме да не реагираме без разлика дали станува збор за Алјаска или Калифорнија, изјави претставникот на НОРАД Мајкл Кучарк.