![sad ministerstvo za finansii](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/sad-ministerstvo-za-finansii.jpg?resize=640%2C363&ssl=1)
Соединетите држави ја продолжија дозволата за група руски банки кои се поврзани за енергетскиот сектор до средината на мај 2023 година, соопшти американското министерство за финансии.
Групата ги вклучува „Сбербанк“, „ВРБ Банка“, „Алдабанка“, „Внешеконбанк“ и руската централна банка, стои во белешката објавена на интернет страницата на американското министерство за финансии.
Сегашната дозвола истекува во декември, а продолжена е до 14-ти мај следната година.
Дозволени се трансакции за секторот енергетиката, вклучително црпењето, производството, преработката, транспортот или набавката на сирова нафта, природен гас и други енергенси кои се користат за производство на енергија, како што се јагленот, дрвото, земјоделските производи и ураниумот.
Дозволата опфаќа и трансакции поврзани со развојот, производството и преносот на енергија, вклучувајќи ги нуклеарните, термалните и обновливите извори на енергија, се наведува уште во белешката.
Западните земји воведоа против Русија санкции без преседан во историјата поради нејзината воена инвазија во соседна Украина. Групата најразвиени земји во светот Г7, предводена од САД, се подготвува да ја ограничи цената на руската нафта за да ги ограничи приходите за Русија.