САД одново се заканија со санкции за германските компани поради гасоводот Северен тек 2

Соединетите држави повторно предупредија дека би можеле да воведат санкции за германските компании коишто ја продолжуваат соработката со Русија на градењетон на гасоводот Северен тек 2.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Германија дека е „заложник“ на Москва поради потпирањето на руските енергенси, повикувајќи го Берлина да го запре работите на овој гасовод.

Проектот Северен тек 2 вклучува изградба на две траси на гасоводот, со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, од Русија во Германија преку Балтичкото Море. Трасата е идентична како и постојниот гасовод Северен тек, со кој управува компанијата „Nord Stream“. Претходно беше планирано „Газпром“ во заедничкиот проект Северен тек 2 во компанијата којашто би го реализирала проектот да има 50 отсто удел, додека остатокот од по 10 отсто да им припадне на компаниите „Uniper“ (поранешен E.ON), BASF/Wintershall, Shell, OMV и ENGIE.

Во Вашингтон го критикуваат овој проект и поради вносните транзитни надоместоци коишто Украина би ги загубила со градбата на Северен тек 2, што во иднина секако ќе го донесе Киев во ранлива позиција и секако ќе ги зголеми издатоците на западните партнери за одржување на антириски ориентираните уркаина власти.

Американскиот амбасадор, Ричард Гренел, кој за неполна половина година откако е на должноста се истакна со неколку изјави на кои остро реагираше официјален Берлин, упатил викендов писма до неколку германски компании предупредувајќи ги на овој проблем, соопштија во неделата од американсата амбасада. „Во писмото се потсетува дека на секоја компанија којашто работи со рускиот сектор на извозни гасоводи и’ се заканува опасност од санкции според законот а спротиставување на непријателите на САД преку санкции CAATSA“, појасни портпаролот на амбасадата. Додаде дека и други европски држави се против овој гасовод.

Германија и нејзините европски сојузници, главно преку чијашто територија ќе минува гасоводот, го обвинуваат Вашингтон дека го користи споменатиот закон за мешање во нивните внатрешни и надворешни работи, како и во енергетската политика. Берлин пак со месеци наназад оценува дека САД сакаат да го блокираат гасоводот Северен тек 2 затоа што сакаат да ги зголемат извозот на својот природен гас произведен од шкрилци. „Бараат пазари за својот гас, за што имаме разбирање, и тука лесно ќе го продаваат, Меѓутоа, тој е многу поскап од гасот од гасовод, па блокадата на Северен тек 2 самата посебе нема да гарантира извоз“, изјави во мај лани германскиот министер за стопанство Петер Алтмајер, порачувајќи дека Европа ќе се бори за своите интереси. Европа решително ќе одговори на американските обиди сопствените економски интереси да ги стави пред интересите на партнерите, порача тогаш Алтмајер.

Од германските компании кои учествуваат во проектот во неделата не го коментираа писмото на американскиот амбасадор. Портпаролот на „Uniper“ не сакал да коментира, а од „ Wintershall“ веднаш не одговориле на барањата за коментар.

Германскиот дневен весник Bild am Sonntag, кој прв извести за писмото, пишува дека американскиот амбасадор сака да ги уцени германските компании, што пак од амбасадата го негираат. „Единствената работа која во оваа ситуација би можела да се смета за уцена би била влијанието на Кремљ на идното снабдување со гас“, тврди порптаролот на американската амбасада. „Писмото е составено во Вашингтон во координација со повеќе државни агенции и „целта не му е закана, туку испраќање јасна порака за американската политика“, додал/

Германскиот министер за надворешни работи Хејко Маас изјави минатиот четврток дека американските санции насочени против гасоводот Северен тек 2, би бил погрешен метод за решавање на спорот. „Прашањата за европската енергетска политика мора да се решаваат во Европа а не во САД“, порача Маас.

 

Гасовод како одговор на руско-украинските гасни војни

Проектот Северен тек 2 вклучува изградба на две траси на гасоводот, со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, од Русија во Германија преку Балтичкото Море. Трасата е идентична како и постојниот гасовод Северен тек, со кој управува компанијата „Nord Stream“.

Претходно беше планирано „Газпром“ во заедничкиот проект Северен тек 2 во компанијата којашто би го реализирала проектот да има 50 отсто удел, додека остатокот од по 10 отсто да им припадне на компаниите „Uniper“ (поранешен E.ON), BASF/Wintershall, Shell, OMV и ENGIE. Меѓутоа, партнерите се откажаа откако се појавија проблемите со полската агенција за антимонопол.

Полска, Латвија и Литванија се противат на градењето на Северен тек 2 стравувајќи дека преку Германија ќе има преголем удел на рускиот гас на нејзиниот пазар и нивните челници се убедени дека станува збор за политички проект. Полска, исто така, изјави дека плановите за изградба на уште еден гасовод кој би ги поврзувал Русија и Германија, ткн Северен тек 2, не се економски мотивирани, туку имаат политички причини.

Уште неколку држави од средна и источна Европа пред речиси две години му пишаа протесно писмо на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, сметајќи дека овој гасовод не е во согласност со европското енергетско законодавство и стратешките цели. САД коишто имаа сериозни амбиции својот природен гас да го извезуваат во Европа, пак, овој проект го сметаа за „давање ветер в грбот“ на европската зависност од рускиот гас.

Во декември 2015-та Италија се обиде да го блокира продолжувањето на санкциите на ЕУ против Русија поради украинската криза и истапи противи изградбата на рускиот гасовод Северен тек-2, кој го форсира и делумно финансира Германија, откако Европската комисија со своите активности всушност предизвика Москва да се повлече од проектот Јужен тек, со кој со природен гас требаше да се снабдува и Италија. Тогашниот премиер Матео Ренци отворено ја обвини Унијата за „двојни стандарди“.

Од друга страна, пак, Германија го поддржува проектот Северен тек 2, како и австриската компанија OMV која оцени дека е овој гасовод е многу важен за европската енергетска безбедност, бидејќи алтернативното снабдување со гасот низ Украина, која е исполитизирана со затегнатите руско-украински односи и во минатото доведе до три ткн „гасни војни“ со што беа оштетени корисниците во Европа.

Според достапните информации, снабдувањето преку Северен тек во 2015 година изнесувало 39 милијарди кубни метри гас, или 70 отсто од проектираните капацитети на гасоводот.

Почетокот на функционирањето на гасоводот Северен тек -2 (Nord Stream 2 AG) е предвиден за крајот на 2019 година. Тој ќе минува по дното од Балтичкото Море од рускиот брег до брегот на Германија. Капацитетот на секоја од овие две маршрути е 27,5 милијарди кубни метри гаса годишно. Капиталните расходи за проектот се проценуваат на 8 милијарди евра, а вкупните трошоци врз основа на привлекување на финансиите за проектот се процените на 9,9 милијарди евра.