Салон за убавина ID Team Hair Bar: Квалитетот ни е главен адут!

Нема ништо поубаво од тоа да се чувствувате самоуверено, да изгледата атрактивно, негувано, оставајќи свој оригинален печат кој ќе ја дефинира вашата личност.

Живееме во време кога на секој чекор се потенцира привлечноста, а жените, како никогаш до сега, посветуваат многу внимание на разубавување и воопшто на визуелниот впечаток…

Со оглед на тоа дека прва работа која е забележителна е физичкиот изглед, навистина е лесно да се фокусирате на убавината, наспроти другите важни карактеристики, особено кога станува збор за жените. Нема ништо поубаво од тоа да се чувствувате самоуверено, да изгледата атрактивно, негувано, оставајќи свој оригинален печат кој ќе ја дефинира вашата личност.

Секао, во тоа, голема улога и важност имаат салоните за убавина, кои со своето знаење, ентузијазам, вешти раце и посветеност, гарантираат задоволство кај своите клиенти.

Познатиот и веќе етаблиран салон за разубаввање во Скопје „ID Team Hair Bar“, е место каде што жените навистина можат да се почувствуваат посебни.
Сопственичката Ивона Тренкоска, вели дека најголем предизвик е клиентот да излезе со насмевка на своето лице.

Јас честопати им кажувам на моите „ID Ladies” дека фризерот и шминќерот се повеќе од „само тоа” во животот на една жена. Тоа и се воочува во нејзинио перфеорманс во текот на користење на нашите услуги, посочува Тренкоска.

„ID Team Hair Bar“ на македонскиот пазар е конкурентен и присутен повеќе години. Салонот првично функционираше во населбата Бутел, под името „Refresh “, а последните две години, се наоѓа во центарот на Скопје, на улица „Даме Груев“ и  ребрендирани под името „ID Team Hair Bar”.

Ивона Тренкоска и Димитар Тренкоски

Тренкоска, објаснувајќи за посветеноста кон своите клиенти, вели дека квалитетот е главен адут во функционирањето на салонот, кој редовно го посетуваат и бројни наши познати јавни личности..

Нашиот салон го посетуваат јавни личности  и се грижиме за нивните коси во однос на шишање, фарбање, шатирање, надогдрадување и најразлични третмани за нега на косата. Се грижиме за нивниот изглет во однос на шминката без разлика од нивната професија водителки, пеачќи,глумици ,манеќенки, новинарќи,докторќи, бизнис жени кои имаат претставување во јавноста и слично, истакнува Тренкоска.

Како асистенти во „ID Team Hair Bar“ работат Даниела и Елмедин.

Сепак, Тренковска признава дека всушност нејзиниот сопруг и партнер во бизнисот, Димитар Тренкоски, е главниот столб на тимот. Тој, како мејк ап артист е присутен на македонскиот пазар долги години. Во себе поседува изобилство на уметност, визуализација, креативност.

Шминката е моќна алатка која навистина може да трансформира. А, кога станува збор за македонските жени, Тренковска со многу позитивен став и искуство, потврдува дека тие ја следат модата и се доста смели во тоа.

Честопати знаат да дојдат со фотографии на својот телефон и ни покажат што сакаат да направат. А доста од нив оставаат на нашата имагинација, а притоа достојно знаат да се носат со тоа. Без разлика дали станува збор за бојата на косата, или, пак, шминка и фризура.

Воедно, таа јавно им се заблагодарува на сите клиенти на „ID Team Hair Bar“ кои имаат голема доверба во вработените.

Во насока на подобро запознавање со услугите и креативноста на „ID Team Hair Bar“, „Нетпрес“ ќе објавува текстови со гледишта и совети од тимот на овој престижен салон за убавина, што секако ќе отвори простор за коментари и прашања од читателите.