Злонамерни дезинформации се објавите во одредени медиуми дека како организатори на вечерашниот протест против уставните промени се јавуваат лица како Јанко Бачев или Филип Петровски, се вели во реакцијата на движењето кое неформално се организираше и нема структура ушет во времето на доржувањето на неуспешниот референдум за прифаќање на договорот со Грција според кој ќе се избрише уставното име на Република Македонија, се наведува во демантот на движењето #БОЈКОТИРАМ УСТАВНИ ПРОМЕНИ
Во врска со определени дезинформации објавени во некои медиуми во врска со Семакедонскиот општонароден протест пред Собранието на Македонија, денес, на 18 ноември 2018 година со почеток во 18 часот, до средствата за јавно информирање го упатуваме следниот демант:
Организатори на Семакедонскиот општонароден протест пред Собранието на Македонија се движењето #БОЈКОТИРАМ УСТАВНИ ПРОМЕНИ и потписниците на прогласот против уставни промени издаден од ова Движење, а не Јанко Бачев, Филип Петровски и други ним блиски организации. Најавите за лажни опрганизатори ги сметаме за тенденциозни и непрофесионални. Тие што ги пласираат, подлежат на соодветна правна процедура, се вели во писмената изјава за медиумите/