Саудиска Арабија го обвини Иран за ширење на новиот сој коронавирус Covid-19 во регионот и во целиот свет, поради одлуката на властите во Техеран да не ставаат печат со кој се докажува престојот во земјата во пасошите на саудиските државјани, изјави во четвртокот портпаролот на владата во Ријад за државната новинска агенција SPA.
„Саудиска Арабија го осудува недоговорното оденсување на Иран, кој им овозможува на саудиските државјани да влезат во земјата без белешка во пасошот за минување на иранската граница, во време кога во светот се шири новиот коронавирус. Со тоа Иран е непосредно одговорен за случаите на заболување од коронавурусот, ширејќи го низ светот и загрозувајќи ги животите на луѓето им штети на меѓународните напори за справување со оваа заболување“, истакнал портпаролот на саудиската влада.
Побарал од Иран да ги објави имињата на Саудијците кои тајно престојувале во Иран од 1-ви февруари.
Властите на сунитската монархија, којашто инаку е историски голем ривал на шиитскиот Иран, ги повикаа сите Саудијци кои престојувале во Иран и се вратиле во татковината во текот на последните седмици, неодложно да минат медицински прегледи. Владиниот портпарол се заканил со остри казни за сите кои ќе ја прекршат забраната за патување во Иран.
Претходно во четвртокот саудиските власти објавија дека го коронавирусот кај уште три лица кои се вратиле од патувања во Иран преку Кувајт или Бахреин. Со тоа, вкупниот број заразени во Саудиска Арабија дистигна пет лица.