СДСМ е декласирана, не знае во своите редови што ќе прави а не пак во државата, вели Андоновски

СДСМ нема повеќе што да понуду на политичката сцена, декласирана е во сите општини во кои што имаше кандидати, ѝ реплицираше Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ на пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија која смета дека на Македонија не ѝ се потребни предвремени избори и дека на нејзината партија треба да го истера целиот мандат затоа што на државата и требала стабилност.

Андоновски запраша каква стабилност може да има државата со СДСМ кога имаат претседател во оставка и кога тие самите во своите партиски редови не знаат што ќе прават, а не па на државата да и гарантираат стабилност.

„Тезата дека треба да состави чист мандат во вода во моментот кога вашиот претседател ви дава оставка. СДСМ не знае внатре во своите редови што ќе прави, во својата структура, а не во државата така што таа теза на стабилност некоја, паѓа во вода“, истакна Андоновски.

Додаде дека граѓаните се фрустрирани кога ги водат партии кои не ја добиле нивната доверба, затоа што СДСМ длабоко загуби на последните избори, и затоа ВМРО-ДМПНЕ повикува на брзи предвремени избори.

„Граѓаните се фрустрирани кога ги владеат партии кои што не ја добиле довербата од нив, а таа фрустрација останува. И затоа повикуваме на брзи избори кои, сметам дека треба, да ги организира законски утврдено техничка влада и сметаме само на тој начин можеме да гарантираме предвидливост на правните процеси. Не може да си играме со законите кога ни одговара да ги кратиме, кога ни одговара да ги продолжуваме“, посочи Андоновски.