![sobranie sednica](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/08/sobranie-sednica.jpg?resize=696%2C395&ssl=1)
Пратениците од владејачкото мнозинство не дадоа поддршка во вторникот и гласаа против организирање на јавна расправа за Законот за јазиците којашто беше предлог одлука од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара од колегите пратениците на СДСМ да биде организирана јавна расправа, бидејќи таа беше ветувана од страна на владејачкото мнозинство во првото собраниско читање по предлог-законот, а секако и поради чувствителност и важноста на Законот за јазиците коишто предизвикува голем број на реакции кај македонската јавност.
Инаку, вкупно 90 амандмани се поднесени за предлог-законот за употреба на јазиците до Комисијата за европски прашања во Собранието до завршувањето на рокотво вторникот. Најмногу 84 поднела опозициската ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ четири и две се од Движењето БЕСА.
Седницата на Комисијата за европски прашања, на која ќе се разгледуваат амандманите, е закажана за утре во 15 часот, а треба да трае три дена. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и Беса по завршувањето на општата расправа на предлог-текстот најавија амандмани.