Се огласи нападнатиот од Трнодол: Не очекувавме дека со насилници ќе си имаме работа (ФОТО)

Јас вчера бев нападнат! Вчера на јавната презентација за дупот на Трнодол без повод и причина бев физички нападнат од лицето Саше Спасовски за негови блиски познат по прекарите Саше Амстердам и Буљаш. За последиците од нападот, поседувам лекарска документација, сведоци и Полициски записник од П.С Карпош, пишува Кире Атанасов на својот Фејсбук профил.

-Ме нападна бидејќи побарав да се искажам, и побарав да ни отстапат место лицата кои не се дирекно засегнати од новиот дуп. Од моја страна немаше никаква реакција, и од општината никој не е повреден и нападнат ОСВЕН ЈАС! Не очекувавме дека со насилници ќе си имаме работа. Жалам што градоначалникот не беше присутен, и упорно во јавноста ја искривува вистината.