Се појави електронското издание на „Балканиум“, весник за хумор и сатира

Со првиот ден на септември се појави првото издание на „Блаканиум“, електронски месечник за хумор, сатира и карикатура, но кој донесува и разговори и теми од општествениот живот.

Весникот е во издание на Институтот за култура и уметност со поддршка на Меѓународниот славјански институт „Гаврило Романович Державин“ од Свети Николе. Главен и одговорен уредник на „Балканиум“ е Васил Толевски, сатиричар и автор на афоризми, а ликовно-графичката подготовка му е доверена на Никола Симовски.

Месечникот во своето премиерно издание донесува, а издавачот најавува таква уредувачка политика и во секој нареден број, прилози од жанровите хумор и сатира, како и бројни карикатури, како од македонски така и од бројни познати автори од регионот и светот. Првиот број, исто така, ги донесува размислите за денешницата на Татјана Алексиќ и Ленче Кимовска.