Во скопската општина Чаир во избирачкото место 2901 во недела ќе биде повторено гласањето од вториот круг на Локалните избори којшто се одржа на 29-ти октомври.
Управниот суд, по жалбата на БЕСА, донесе одлука за повторување на гласањето на ова избирачко место.
На ова избирачко место вкупно се запишани 719 избирачи. Разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од БЕСА во вториот круг беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 разликата е 66 гласа.
Ова е единственото прегласување на шестите локални избори во Македонија кои се одржаа во два круга на 15-ти и на 29-ти октомври.