Семејна драма во тетовско: Го пријавила мажот со кој се разведува дека и се заканува по живот и да ги земе и децата

14

Дваесет и шест годишна жителка на тетовско село вчера вечерта пријавила дека нејзиниот 26-годишен сопруг А.А. од Република Косово со уште три негови роднини, дошле во куќата на татко и, каде што престојувала.

-А.А. и се заканил по животот, а имал намера, според пријавеното, да ги земе со себе и нивните две малолетни деца, зашто тие биле во бракоразводна постапка. Пријавениот А.А. лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Нешто подоцна, Р.А.(59), татко на пријавениот А.А., пак, пријавил дека роднини на 26-годишната пријавителка со тврди предмети ги оштетиле двете возила со кои тие пристигнале од Република Косово. Се работи на расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.