Францускиот фудбалски клуб Сен-Етјен објави во понеделникот дека го тужи камбоџански принц Нородом Равишак откако открил „лажен банарски документ“ во понудата за преземање.
Адвокатите на прославениот француски клуб кому сега му се заканува испаѓање од Првата лига, изјавиле дека е лажна банкарската гаранција во изност од 100 милиони евра во понудата за купување од Равишак.
Клубот најави дека ќе го тужи внукот на поранешниот камбоџански крал Нородом Сиханук за обид за измама.
Акционерите на клубот од април бараат нов сопственик, а адвокатскот друштво кое ја надгледува постапката ги повикало заинтересираните да ги достават понудите до понеделникот.
Сен-Етјен, кој го презема поранешниот тренетр на Монако, Лион, Лил, Ница, Лестер Сити и Саутемптон, Клод Пуел, во моментов на на претпоследното 19-то место на табелата со една победа во 13 натпревари.