Американската тенисерка Серена Вилијамс го навести своето неизбежно пензионирање.
– Мислам дека веќе има светло на крајот од тунелот. Се доближувам до светлината, па… Едвај чекам да дојдам до таа светлина. Што подразбирам под светлина? Слобода. Сакам да играм, едноставно е неверојатно. Но, знаете, не можам да го правам ова засекогаш, ја цитира Вилијамс „Еуроспорт“.
Вчера Вилијамс ја победи Шпанката Нурија Паризас-Дијаз во првото коло на ВТА турнирот во Торонто (6:3, 6:4). Ова е прв натпревар на 23-кратниот Грен слем победник откако беше елиминирана од Вимблдон 2022 година на крајот на јуни.
Серена победи во сингл на ВТА турнир за прв пат од летото 2021 година.