Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја посети општина Кочани.
За време на престојот во Кочани, амбасадорот Гир ќе се сретне со градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов, со членовите на Советот на општината и со претставници на граѓанските организации.
Тој ќе учествува и на кафе-дебата со граѓаните за да одговори на прашања поврзани со европскиот пат на Северна Македонија.
Ова е четврта од серијата општински посети по отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија во јули 2022 година. Целта на посетите е да се презентираат новите чекори во процесот на преговори за пристапување во ЕУ и нивното влијание врз секојдневниот живот на граѓаните.