Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов набавил дури и поскапа противпожарна автомеханичка скала вредна над 1,7 милиони евра, за разлика од два града во САД, Лос Ангелес со набавка од 1 милион евра за вакво возило и Левингтон со набавка од 800 илјади евра, дури дупло помалку од набавката на скалата на Шилегов.
Пожарникарската служба на градот Лос Ангелес од САД минатата година има набавено пожарникарско возило чија вредност е 1,2 милиони долари или близу 1 милион евра и тоа еколошко возило на струја. Неговата намена е да се употребува за потребите на градот Холивуд, или на станицата 82. Ова е трето возило од ваков вид во светот, а прво во Северна Америка, а неговите технички спецификации се можеби едни од најдобрите на пазарот.
Една друга пожарникарска служба на градот Левистон набавила пожарникарско возило вредно 1 милион долари или близу 800 илјади евра кое со своите технички спецификации не може ни да се доближи со она кое е набавено од страна на Петре Шилегов и Град Скопје.
Возилото изгледа вака:
Она што е различно за овие две возила и она на Шилегов е само вредноста на чинење која дури и за градови како Холивуд се чини дека е скапа. Скалата на ова чудовиште е 107 стапки или 32 метри. Имено за разлика од скалата на Шилегов која нема можност за отстрел на пода и црева за гаснење на пожар, ова набавено возило обебзедува 1,500 литри на вода во минута за ефикасно гаснење на пожарите, може да ја собере буквално целата опрема од една пожарникарска станица и истото е мобилно за чување на секаков вид на алатки.
Во врска со оваа набавка денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ обелодени дека станува збор за двоен скандал. Па така фирмата „Армор плус“ преку која се набавува пожарникарската скала има двајца сопственици, едниот е Димитар Петревски, а другиот е фирмата „Пастор“.
Петревски е зет за сестра на генералниот секеретар на Град Скопје. А во последните 4 години, фирмата добила скоро 4 милиони евра за тендери.
Дека станува збор за исклучително висока сума за набавка на вакво возило скала, говорат примерите од поразвиените земји како и онаа набавка на Градот Загреб кој истата скала ја набавил за двојно пониска цена од Град Скопје и тоа од истиот производител.