Шутрачка држава

Кога нашите граѓани се изјаснуваат дека државава не ја бива мора сите сериозно да се размислиме кој прв мора да ја испроба онаа легендарнана „ќутекот од рајот излегол“.

Во оваа насока има да Ви раскажам три стории кои не се поврзани една со друга, за да можеме да разбереме колку сме гнили како личности сите заедно кога не реагираме соодветно, а други ја користат таа ситуација за моментално да им пројде денот и да се спремат за некој нов друг ден кога ќе мора со махинации своето неработење и омраза кон другите луѓе да го оправдаат.

Сторија втора.

Ова е сега многу лично за мене. Инаку за ова што сега ќе го објавам го информирав претседателот на Комисијата за избори и именувања- Ѓорѓија  Сајкоски дека соодветна личност од парламентот само поради тоа што сум протестирал за начинот на претставување за членови на советот на Агенцијата за медиуми (АВМУ) каде сум кандидат се изјаснила на следниов начин кон мене: „Што к*р сака г**ноно на Стевче, матер да му е**м во пи**а!“. На г-динот Сајкоски јасно и недвосмислено му пренесов дека не станува збор за пратеници од ВМРО ДПМНЕ.

И сега јас како да возвратам? А, ти пцујачка личност сите свадби и крштевки да си ги славиш во Боти 96, ресторан за погреби и помени при АД Бутел?

Патем г-дине Сајкоски пренесете им заедно со Вашите партиски другари на одредени лажни авторитети (не моите другари) да престанат да ми кажуваат што е исправно, а што не и како сум морал да свртам телефони.

Па, да сакав ургенции прво за кај Вас ќе ги барав Вашите и мои лични пријатели професорите Чакарјановски и Чепреганов.

За кај Мицкоски и други од раководството имам девет личности. На сите самоиницијативно ги замолив да не вртат.

Зошто?

Зошто сум во делот на регулација 25 милиони светлосни години пред Вас како комисија.

Само побарав за мене и останатите кандидати услови како на дипломска одбрана. Соодветно време не повеќе од 30 минути и подржувачите да бидат присутни да потврдат дека е така. Куриозитет еден од моите подржувачи е дел од советот за медиумска писменост при АВМУ, а не е повикан ниту да го прашаат.

Ах, бе Сајкоски. Те местат ко мало дете. А, си доктор на науки. Мораш да избереш г-дин пред пензија за да се откачите од него во Владата. Ќе Ве треснат од земја.

Сторија трета.

Замислете заменик член во комисијава за именувања и избори е и Моника Зајкова… Знаете кој и е вујко? Оној истион што медиумот „Експрес“, каде имаше големо влијание Горан Момировски, инаку човек од доверба сега на Претседтелот на Македонија – г-ѓа Сиљановска Давкова, и објави дека лицето Марјан Здравковски е вмешан во менување на софтвер за околу десетици илјади лични карти. Истово лице Здравковски му е советник на актуелниот министер Тошковски во МВР.

И Зајкова е демократ која мисли со своја глава. Страшно. Ама, круша под круша паѓа.

Кога Бочваров ќе те вработи во Водовод да регулираш Хлор следна станица е заменик директор на ДБК. Така ли е Марјане? Јас уште неможам да разберам дали е вистина дека го викаа обичен селски Кодош?

Сторија прва.

Од коректни причини кон една личност ќе се персонифицирам со оваа сторија.

Во Македонија постојат неколку оператори кои даваат услуги во мобилната телефонија и кои се регуларно регистрирани и функционираат на пазараот на услуги со свои идејни ценовни политики, а се во интерес на граѓаните на Македонија.

Сите овие оператори се под будното око на неколку институции. Пред се’ мора да регистрираат фирма во Централен Регистер и Управа за Јавни Приходи (УЈП), добиваат дозвола од соодветно Министерство и Владата, за безбедност на нивните корисници МВР, но најважни од сите за нивното работење се Агенција за електронски Комуникации (АЕК).

Сигурно сте чуле за „Лајкамобил“ мобилен оператор. Ова е оператор кој има 3% учество на пазарот на корисници и најверејоатно се спои со МТЕЛ. Тоа значи дека станува збор за сериозни фирми и истите имаат интересни понуди за при-пејд тарифи, пред се’ „Лајкамобил“. Тоа значи дека за 200 денари месечно добиваш бесплатни разговори кон сите мрежи итн.

И истите си имаат интернет страница. За големиот викенд за попусти велат официјално на нивната страница уплати 450 денари за следните три месеци. И ти уплаќаш, ти бараат сигурносен код кој без размислување го даваш, се работи за регуларен оператор на мобилни телефонски услуги. Те информираат најрегуларно и ти се заблагодаруваат во нивно име што ги користиш нивните услуги итн.

И следното утро од банката добиваш известување дека имате одлив од 25 илјади денари за реклама на „Фејсбук“. Тоа значи дека преку интернет страницата на „Лајкамобил“ Ви се украдени податоците од платежната картичка и Ви украле пари. И сега доаѓа најинтересното. Односно зошто сме шутрачка држава.

Се јавуваш во контакт центар на Банката вознемирен и соодветно невоспитано створење односно говедо брдско ти кажува дека они како банка информирале на нивната интернет страница. Па ти бре Нетпрес, Плусинфо, Канал 5, Телма, Мкд, итн ли е страницата на твојата Банка што ја застапуваш.

„И кога сме кај љубезноста. Пошта не ти испраќа сметки. Они знаат зошто за ЕВН не го прават тоа. Се јавуваш во центар за грижа на корисници при ЕВН, те пречекува љубезен глас кој сочуствува со твојот проблем, Ви вели не сте единствен, Ве смирува со доза на доверба и Ве прашува кога имате намера да платите? Во текот на денот. Ви благодарам ние ќе нотираме дека тоа ќе се случи најдоцна за 5 дена бидејки е викенд. Уплаќате и Ви се заблагодаруваат. Тоа се вика Грижа на Корисници“.

Но, она што го дознаваш е најлошиот дел. Голем дел од Банките го знаат овој проблем со месеци. „Фејсбук“ и „Лајкамобил“ исто така. АЕК исто. МВР Исто. Една обична работа незнаат да ја средат. Инаку една банка забранила трансакции кон „Фејсбук“, ако види дека имало трансакција кон „Лајкамобил“. Значи они можат.

Едноставно ја гасиш страницата на „Лајкамобил“ и толку. Вака сите сте вклучени во организирано оштетување на обични граѓани. Што би рекол еден висок полициски работник, за вакви слични ситуации, сите по 6 месеци во притвор, па докажувај дека си невин.

За директорите на картично работење во банките да Ве прашам вака најчовечки: Како ќе се чуствувате ако Ве прашам, дали мајките и сестрите Ви се млади, а? Не е убаво, нели? Епа, и кога поради Вас ќе им украдат на луѓето пари и тие не се чуствуваат убаво. И не е една личност, туку повеќе. Едната од нив има набавено ќеси за мала тоалетна кантичка и дрвени лампиони како подметачи од Кина. Па, и немаат украдено податоци.

Немој да се вадите на мојата почит кон Вашите извршни директори. Ако не го решите проблемот, ќе Ве објавам во цела јавност.

Патем знам дека можам да ги информирам моиве заинтерсирани украдени Ваши коминтенти дека има сектор за грижа на корисници при Народна Банка.

ЧЕ СИ ОДГОВАРАТЕ!

Да живее Македонија!

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес