Познати се паровите во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите за следната сезона. Македонскиот претставник Силекс, кој ќе игра на местото на Вардар, бидејќи „црвено-црните“ поради долговите не добија лиценца, ќе игра против Карабах од Азербејџан. Првиот меч Силекс ќе го игра на гостински терен.
Карабах доминира во првенството на Азербејџан во последните неколку години и има освоено седум титули во низа, а во клупската историја има вкупно осум. Тоа е единствениот тим од оваа земја кој играл во групната фаза од Лигата на шампионите и тоа во 2017-та година.
Вкупно има 36 мечеви во Лигата на шампионите од кои 14 победи, 13 нерешени средби и 9 порази.
Првите мечеви од првото квалификациско коло од ЛШ ќе се играат на 18-ти и 19-ти октомври оваа година.