
Беа напревни беа измени во Кривичниот законикза да не можат да бидат процесуирани случаите на луѓе кои го поддржуваат кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, рече опозициската кандидатка за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова во дебатата емитувана на телевизија Телма во четвртокот вечерта.
Истакна дека селективната правда не е правда, а однадвор во Македонија го забележуваа режимот, кој го нарекуваат хибридна демократија. Силјановска повтори дека независно судство не се гради само со измена на закони.
Не е само СЈО иако го посочувате, најважното. Ние видовме измена на Кривичниот законик персонализирана, наменска за луѓе од една партија која го поддржува господинот Пендаровски, да бидат бајпасирани, да не можат да бидат процесуирани нивните случаи. Селективна правда не е правда. Однадвор го забележуваат режимот, затоа велат илиберална демократија, хибридна демократија. Повторувам независно судство не се гради само со измена на закони. Еве последното, ако го оставивме да биде некогашниот заменик Јавен обвинител, јавен обвинител, кажете ми како очекувате вистински реформи со човек кој што чиј простор, зграда беше најобојуваната. Од тоа не бива реформи. Или со истите судии, рече Силјановска.