Словенија потврди 32 нови коронаинфекции на дневно ниво

Во Слвоенија во последните 24 часа биле тестирани 1.034 лица од кои 32 биле позитивни на новиот коронавирус, што е за пет помалку од претходното деноноќие, а не е забележан ниеден нов смртен исход од Covid-19, соопшти во саботата словенечката влада.

Во моментов поради инфекција со коронавирусот во словенечките болници се хоспитализирани 16 лица, од кои три се на одделите за интензивна нега.

Претходниот ден во Словенија со 937 тестирања беа потврдени 37 зарази, што беше најголемиот број новозаразени во еден ден по 3-ти април, што тамошните епидемиолози го оценија како загрижувачки рас на бројот на сличаите.

Имајќи предвид дека меѓу новозаразените има и доста ткн „увезени“ зарази од соседна Хрватска, словенечките инфектолози најавија дека од почетокот на следната седмица на владата ќе ѝ предложат заострување на режимот на патниците од оваа земја.

Меѓу таквите случаи, најбројни се младите Словенци, па како една од причините за заострување на реќимот е потребада да се создадат заштитни услови за продолжувањето на наставата во училиштата од почетокот на септември.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша во петокот на Twitter објави дека ги замолува сите да ги почитуваат препораките на националниот институт за јавно здравје, особено во контактите со ранливите групи.

„Неодговорните постапки може да го загрозат нашиот здравствен систем и здавјето на сите нас, а исто така и заслужениот одмор на десетици илјади наши граѓани. Да покажеме солидарност и одговорнсот“, напиша Јанша, пренесувајќи го повикот на Инстититот словенчките туристи кои се враќаат од Хрватска што е можно повеќе да ги ограничат своите конатакти со други лица,