Деновиве слушаме како самите функционери од Владата (кои се повеќе од шест години) меѓу себе се критикуваат и кажуваат дека треба да се расчисти со корупцијата, која длабоко е навлезена во институцијата на системот во Македонија.
Па така, министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе изјави: „Очекувам поддршка од САД“ и продолжува: „Имаме уникатен модел на држава, но и корупција насекаде… м.з. и продолжува трагикомично, наредните години, ќе бидат години на антикорупциски политики за државата“.
Овој Османи, сега министер за надворешни работи, бил министер за здравство каде што е познат по скандалот „Пациент“. Од Основното јавно обвинителство и после неколку години нема ни трага од предметот, односно го прикрива криминалот или исказите на синдикалците во министерството за надворешни работи и неговите злоупотреби кон истите искажуваат несогласување со неговите лични и партиски делувања, односно на неговата парија ДУИ.
И сега демагогот Османи од криминалниот скандал „Пациент“, бара конкретна помош и очекува од САД борба против корупцијата. Па, ќе изјави: „Сами си баравме помош од САД, против корупцијата, стравував ако не почнеме преговори со ЕУ земјава ќе остане само на мониторинг“.
Напред наведеното го изјавува, откако беше објавено дека специјален тим за санкции од Министерството за правда од САД пристигнуваат во Македонија за да истражат наводи за корупција кај актуелни политичари и други функционери. Па, сега властите (кои се повеќе од шест години на власт) како папагали – демагошки изјавуваат дека: „Поддржуваат беспрекорна борба на сите нивоа“.
Почитувани мои читатели!
Во отвореното писмо до нејзината екселенција, американскиот амбасадор во Македонија, меѓу другото напишав:
„ …свесен сум дека Ви е повеќе од познато дека последните 4 години нема област која не е инфицирана од корупција, нема институција која не боледува од оваа болест која ја „убива” демократијата насекаде кај нас.
Во јавноста се претставува розева слика, боја која е платена со моќта на корупцијата, со тргувањето на влијание од страна на политичките, и би рекол партиските центри на власта.
Пипците на политичката корупција го задушуваат граѓанинот овде и се обидуваат да воспостават власт на корупцијата наспроти власта на граѓаните!
Подолг период ги следам негативните појави поврзани со корупцијата во образованието, при што имам напишано бројни колумни, анализи (пет години) за институционалниот систем во Македонија. И покрај моите пишувања за криминалот, корупцијата, непотизмот, партизирани институции, како и јавни настапи, домашните институции си ја тераат она народната: „Кучињата лаат, караванот си врви“.
Па така, отворено ги напишав книгите: „Трулеж на системот”, како и „Македонија со хибриден криминален режим”, а во подготовка ми е ново издание.
Кога домашните институции, не преземаат ништо за функционален правен систем, почнувајќи во секоја пора од општественото живеење, кога актуелната власт, предводена од СДСМ и ДУИ и од „двајцата“ премиери Димитар Ковачевски и Али Ахмети, на виделина ни се случуваат партизирани, непотистички институции. Затоа, не случајно Македонија во Европа е на врвот според стапката на инфлација и стапката на невработеност според т.н. Индекс на мизерија, и е втора на листата (33,2) на Европа. Овие факти го утврдуваат економското страдање на една земја, според инфлацијата и на невработеноста и доволно зборуваат за економската беда и социјалното страдање на македонските граѓани.
Загрижувачка и алармантна состојба!“… (види повеќе: Отворено писмо до американскиот амбасадор Анџела Агелер)
Па, ни се огласуваат амбасадите кои се во Македонија, евроамбасадорот Гир, германската амбасадорка, па и британската амбасада и сите со една поента кажуваат: „Корупцијата во Македонија расте и го поткопува владеењето на правото“.
Па на 9-ти декември на меѓународниот ден на корупцијата се изјавува „…корупцијата во Македонија се влошува на секое поле, а нема подобрување во ниту еден сегмент. Корупцијата во Македонија го поткопува владеењето на правото, таа создава голема недоверба во судството и ги ослабува институциите во судството и ги ослабува институциите во државата…“.
Али Ахмети – „првиот премиер“, во Мала Речица и најавил на американскиот амбасадор Агелер „војна против корупцијата и на актуелни властодршци“. И дал „вербална подршка за активностите на САД на ова поле“. Само не знам дали ѝ’ кажал дека е почесен доктор на универзитетот во Тетово (за никакви научни и културни достигнувања, наместо тоа има заслуги за геноцид на невини Македонци). Не знам дали проговорил за водството на ОНА и хашките случаи, кои лежат во македонското судство? Или за поставениот нов јавен обвинител за организиран криминал, неговиот комшија од Зајас. Можеби проговорил за поставените партиски судии по судовите и обвинителите по клуч партиски, а не по компетенции, стручност и сл. Или зошто младите бегаат од Македонија? Или, дали ја запознал амбасадорката Агелер? Зошто се чека за делото против функционери поврзани со „Маѓар Телеком“ да застари и го поставува прашањето да не се чека на ветинг? Со право поранешниот министер за финансии Хајредини го прашува „вториот премиер“ Ковачевски за ова мито, и со право прашува: „Се прави или не знае Ковачевски за митото од по 2,5 милиони евра што директорите на Телеком го уплатиле на наши државни функционери? За ова дело судот во Њујорк, директорите на Маѓар Телеком ги казнил, а во Македонија се чека долго време да застари, иако Врховниот суд, по нивна желба одлучи дека сведокот за овој предмет не клеветел“. Се чека да застари предметот. Тоа е нашето (НЕ)правосудство!!!
Ајде за заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење Славица Грковска, која отворено кажа дека Јавниот обвинител Јовески не си ги извршувал поставените задачи (не беше конкретна дали од Зоран Заев или Ковачевски-Таче, или…) и не заслужува да биде именуван за уставен судија. Браво Грковска! Но, и ти дали заслужуваш да бидеш на таа вештачка функција за добро владеење? Е, па што стори по доставената преставка бр.56-8157/1 од 19.09.2022г. за сомнеж за злоупотреба на службена должност и овластување, а во врска: „Моќта на владината функција наспроти моќта на законот во хибриден режим на СДСМ! (види повеќе: netpress.com.mk/ mo-ta-na-vladinata-funkci-a-nasproti-mo-ta-na zakonot-vo hibridniot-rezim-na-sdsm/ или преставка бр.12-8654/1 од 07.10.2022г, а, во врска со „Скандали во владеењето на поставените владини функционери“ (види повеќе: netpress.com.mk/grkovska-skandali-vo—vladee-eto-na- postavenite-vladini-funkcioneri/ или преставка бр.56-8553/1 од 27.09.2022г. (види повеќе:/ netpress.com.mk/korupci-ata-vo-visokoto-obrazovanie-i-ne-zinata-opasnost-za-demokrati-ata/ нема никаков одговор, ниту преземени мерки. И ти не ги исполнуваш задачите за која си поставена исто како јавниот обвинител Јовески! Невиден срам си! И соучесник си на лоши политики за добро владеење! Оди си!!!
Се појавува директорката Лукаревска за Јавни приходи и признава дека: „… сивата економија во Македонија е поголема од економијата во Албанија и Косово“.
Да не зборуваме за криминално издадени пасоши, државјанства на криминални тајкуни, наместо оставка Спасовски и други одговорни, демагошки говорат дека ќе дадат помош за борба против криминалот. Какви се овие неморални, несоодветни изјави. Не чувствува никаква одговорност, ниту тој ниту неговиот заменик министер. Да не говорам и за оној министер за образование, кој не чувствува никаква одговорност и нема намера да поднесе оставка. Ова е смрдливот трулеж на одговорните на оваа Влада. Каде што велат оние на ДУИ функционери дека одговараат само на Али Ахмети. Па, кој ќе се бори против корупцијата? Не можат овие кои се корумпирани и криминални.
Па, го слушам оној кој ќе го расчистуваше судството Бојан Маричиќ, кој заедно со Зоран Заев говореа дека ќе го направат „судството како пупка“. Да! Го направија пупка на криминалот и корупцијата! Па, сега како одговорен за евроинтегративните процеси за пристапување во Европската Унија (ЕУ) изјавува: „Судските реформи се клучни за пристапување во ЕУ, имаме уште за работа“. Во поглед за Поглавјето 23 „Правосудството и фундаменталните права“ ќе каже: „…имаме системски капацитет и подготвеност да го надоградиме со европските правила на функционирање…“ па, изјавува (трагикомично) – „Антикорупцијата и фундаменталните права, со акцент на антикорупциски политики и законодавството во однос на справување и борбата со корупцијата, административните капацитети…по завршувањето на скрининг состанокот во Брисел. Го слушаме од министри, функционери кои веќе повеќе од пет години се на Власт.
Почитувани мои читатели!
Во моево пишување истакнувам само еден сегмент од големата слика на смрдливиот криминал и корупција на институциите во Македонија. Оставам вие да дадете свое гледање, заклучок, како ја водат овие функционери, кои не чувствуваат никаква одговорност. Каде одиме? Јас ќе кажам дека одиме во амбис во сите институции.
На крај, да завршам, според Михаел Мартине, долгогодишен дописник на Франкфутер Алгемајне Цајтунг, кој ќе изјави: „… Македонија и Албанија, ако веднаш почнат преговори со ЕУ ќе им бидат потребни цели 122 години за станат членки“.
Неминовна потреба е со нови луѓе да се избориме со институционалните криминали и корупција во Македонија!!!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес