Смрт за медиумите, Младен е Кукавица (1)

Крај на колумната

Епа, немал капацитет. Епа, нема.

Јасминка Аневска трескаше телефони, ама може у демократијата за нејзиниот џеб да биде и шеф на кабинет на Генералниот Директор на ЕСМ (фирма за уништување на семејниот буџет во делот на струјата)

Гордана Дувњак е нов портпарол на судскиот совет. Сега најверојатно има да ги апси своите колеги од 1ТВ и неделникот „Фокус“. Шо би се рекло „Џеби га“.

Еве како функционира Виктор Грозданов. Ова е од 3 ти Мај 2012 година, ова е автентична порака, личноста е маж, инаку и нека пукне Младен Чадиковски и неговите т.н новинари кои…

„ja citav inicijativata nekolku pati vnimatelno, i mislam deka poise od deklarativni zalozbi treba da se davaat. mojot stav odsekogas bil sto poveke konkretni raboti da se davaat. baska morase li pa da se pogodi u isto vreme so press na znm i tn sindikat. SDSM mora da se oddaleci od niv. vaka se bilda MAN sto ne e dobro. toa se vika fucking media field, ali mora da se soocime so realnosta.

Pozdrav

P.S. SDSM ima konkretni dokumenti za zloupotreba na drzavni pari za reklami od site ministersva i site odgovorni lica ke bidat kazneti soglasno ustavot i zakonot. Ja vaka razmisluvam“.

Младен Чадиковски уште мисли дека луѓето немаат информации за неговите егзибиции. Ќе правел истражувачки стории со фирма за цигари. Прво е претседател на НВО со државнички позиции и овластувања. Исто како и Црвен Крст. Имаат посебен статус и ги нарекуваат „ГОНГОСИ“ (еве вака на македонско англиски: Говернментал Нонговернментал Организатионс). Во многу држави веќе се укинува добар дел на здравственото осигурување за пушачи. Не им го признават. Викаат твој ризик. Во САД е историско најниско нивото на пушачи. И после, он бил за Американците и ЕУ? Мери му го паметот.

Патем да му објаснам нешто на Младен. Кога се примаат пари од приватни компании за да се форсираат на медиум, како новинар имаш проблем со етиката, директорот и газдата. Амааа кога примаш пари во сопствениот џеб за промоција на Владата и притоа се правиш паметен дека тебе никој нема како да те корумпира, настануе проблем во кој се вклучуваме ние што знаеме како се тераат работите. Ах, бе Младенчо убав тој на бате Виктор. Да ти раскажам две приказни.

Срѓан Керим „будала за сите пари“, го избрка Горан Гаврилов од МПМ во моментот кога овој истиот ги фати уредниците, како имаат спонзорирани текстови од приватни компании и Владата на РМ. Истите тие кои Керим ги заштити во името на независното новинарство пробаа да го убијат интелектуално кога разбра дека нема повеке математика во печатен медиум.

Велија Рамковски е „уште побудала“, зошто остана рамнодушен на неговите душмани кои беа рамо до рамо со него. Ќе изјави на ТВ АлСат: „Претеравме со новинарството“. Уредник беше ТИ, другар Чадиковски.

Осветата за паднатите во затвор тек следува. А, ТИ Младен мисли му ја.

Почеток на колумната

Туку овој пат да го остаиме Таче.

Го познавате Младен Чадиковски. Борецот за правата на новинарите, а стана претседател на ЗНМ со медиумски работници кои се на исто ниво како и тутунопроизводители, медицински персонал, пожарникари, полицајци, дактилографија итн. Од новинари само онака по некој. Туку ја будала немам елементарен капацитет да разберам дека впрочем Младен е реформатор и од новинарско има да го претвори ЗНМ во „Здружение на Невистината од Македонија“.

Зошто оваа колумна се вика Смрт за медиумите, а Младен е Кукавица? Читајте внимателно:

Прво

Смртта на медиумите дојде со нарачката од СДСМ за брутална смена од позиција на Претседател на Совет за Радиодифузија на г-динот Мирче Адамчевски на два месеци пред истекот на неговиот мандат од една многу едноставна причина. Немаше да даде дозвола за постоење на нови десет ТВ станици, а да се задоволат апетитите на СДСМ која ги прелажа Штерјо Наков и Кираца Трајковска да насочат финансии за АЛФА ТВ. После овој терористички упад на тлото на медиумската индустрија Роберто Беличанец ќе каже: Збогум Новинарство! Е, ова е вистината.

Второ

Рекламирање на Владата (било која), не е нивна желба од влажните соништа. Туку информирање на граѓаните. За сите нивни потези. Информациите може да ги дитрубиураат преку сите платформи за рекламирање. Но, има сигурносен систем кој вели: Нема злоупотреба на државни пари за партиски цели. Таму се развиваат сите информации во заштита на граѓаните. Ова значи во пракса следново: Комплетна информација за договорот за градење на патишта преку фирмата „Бехтел и Енка“. Замислете кога ќе тргне реклама со каде е трасата, цената, колку концесии ќе има за копање песок, кој се ќе земе пари за имотот итн.

Трето

Да сум газда на ТВ 24 веднаш има да му дадам отказ на Младен. Внимавајте. Има 120.000 нелегални прклучоци од криминалци кои Вие како читатели мислите дека се душичиња и биле греота. Да живееле. Оние кои Ви продаваат 2.000 ТВ канали. И наместо да се каже дека во Македонија 97 проценти од домаќинствата имаат приклучок за гледање телевизија, ние имаме кражба на 25 проценти приклучоци од 550.000 димаќинства. Е, поради тоа ТВ 24 е во трета лига кога станува рекламниот колач во Македонија.

За да можеш да се занимаваш со медиумска регулатива мора да имаш капацитет да ги разбереш процесите. Моето скромно видување на однесувањето на Младен Чадиковски ме тера да донесам сам за себе заклучок дека истиот нема елементарни познавања за зборовите: регулација, регулаторно тело, медиумска политика итн.

Зошто вака размислувам? Наместо да бара кривична одговорност на следниве луѓе од АВМУ (Зоран Трајчевски, Лазар Петрушевски, Миљаим Фетаи и Емилија Јаневска, а богами и Емилија Петревска) за нарушување на уставниот поредок и манипулација со чувствата на граѓаните, Младен Чадиковски си ќути како најголема кукавица или шо би рекле неговите соработници ко „пи*ка под кошуља“.

Еве уште некој пример. Едниот свеж, а другиот е одамна, ама е свеж за уништување на Македонецот и Албанецот заедно во пакет.

Пример 1

Даваат соопштение непосредно после збиднувањата во Србија дека домашните медиуми мора да внимаваат како се информираат граѓаните. Да така е. И сега идат во бездна. Да внимавале и операторите што реемитуваат канали како информираат странските ТВ станици. Драги мои читатели операторите несмеат да го допрат сигналот. Забрана може да дадат само АВМУ и овие погоре споменатите за реемитување на некој странски ТВ Канал.

Пример 2

Сите спортски канали коментираат на јазиците на Републиките Хрватска и Србија. Ова е нарушување на уставниот поредок. Мора да се коментира на Македонски и плус и на Албански.

Пример 3

Канали од Албанија нелегално се емитуваат во Македонија, не се санкционираат и истите прават штета на АлСат, ТВ 21, ТВ ЕРА, ТВ Клан, ТВ Коха итн. Сите се на албански јазик во Македонија и се лојални граѓани.

За овие од АВМУ им посветувам една сцена од еден прекрасен македонски филм со тематика од втора светска војна. За како мора да бидат третирани.

1942 година. Началник Бугарски фашист и Македонец комунист уапсен.

Конверзација:

Началникот: Признај си! Признај си, полесно да биде.

Фатениов: Ама незнам што да признаам.

Началникот: Ама признај сега. Зошто на лошо да биде.

Фатениов: Ама стварноооо немам што да признаам.

Началникот: (со израз на ликот ала види глупчо) Ах бе. (од фиоката вади салама) Сакаш салама?

Фатениов: Сакам, да началнику сакам.

Началникот: Е за разлика од тебе, Јас пак мразам салама.

Кога си го фати, па го врза за едната нога и кога почна  да го тепа.

Имагинацијата ја оставам на АВМУ другарите.

Него да се вратам на Младен Чадиковски. А и Вие вратете се горе на колумната.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес