Солскјер со победа го прослави тригодишниот договор со Јунајтед

Оле Гунар Солскејр, кој во четвртокот потпиша тригодишен договор како постојан тренер со Манчестер Јунајтед за кој настапуваше и како играч, во саботата на домашниот „Олд Трафорд“ пролави со победа над Вотфрод со 2:1.

Головите за „Црвените ѓаволи“ стрелци беа Маркус Рашфорд во 28 и Ентони Мартиал во 72 минита, а за гостите во 90-та погоди Дакури. Јунајтед моментално е четврти со 61 бод, колку што има и третиот Тотенхем кој очекува соочување кај Ливерпул, а бод помалку има Арсенал кој го пречекува Њукасл,. Вотфорд, пак, е деветти со 43 бодови и ќе остане на оваа позиција и по комплетирањето на колото.

Откако во декември на клупата на Јунајтед го замени Жозе Мурињо, Солскјер запиша 15 победи на 20 натпревари, а во соминафиналето од Лигата на шампионите сензационално го елиминираше ПСЖ.

И тренерот на Саутемптон, Австриецот Ралф Хасенхутл, кој пред четири месеци ги презема „Светците“ со задача да го сочува прволигашкиот статус, ја исполнува својата мисија. Саутемптон на гости го победи Брајтон едн Хоув Албион со погодокот на Пјер Хојбјерг во 53 минута. Саутемтон сега има 33 бодови и е на 16-то место и се изедначи со Брајтон кој е место погоре, а двата тима имаат солидна бодовна предн местата кои водат во понизок ранг.

Важна победа во борбата за опстанок оствари и Барнли над Вулверхемтон, а стрелци беа Коди во втората минута постигна автогол, и Мекнил во 77 минута. И Барнли има 33 бодови на 17-то место, пет повеќе од 18-от Кардиф кој игра разигрување за опстанок, а 16 од 19-от Фулам. Вилверхемптон е сигурен на 7-то место со 44 бодови и големо застанување зад водечката шесторка.

Лестер Сити со головите на Морган во 11 и Варди во 82 минута беше сигурен дома против Борнмут. Лестер е 8-ми со 44 бодови, а Борнмут е 12-ти со шест бодови помалку.

Со истиот резултат но остварен во последната четвртина од мечот, стрелци беа Миливојевиќ во 76 минута од пенал и ван Анголт во 88 минута, Кристал Палас го надигра последнопласираниот со само 14 бодови Хадерсфилд. Кристал Палас сега има 36 бодови со кои е на 13-то место.

Во првиот саботен меч Манчестер Сити се врати на челната позиција совладувајќи го на гости Фулам со 2:0, и има бод повеќе од Ливепрул а двата клува имаат по одигран меч.

Во последниот меч од саботната програма, Вест Хем на домашен терен беше совладан од Евертон со 0:2, а стрелци за гостите беа Курт Зума во 5 и Бернар во 33 минута. Евертон со новите три бода дојде вкупно до 43 бодови со кои е на 9-то место, а Вест Хем сега е 11-ти со бод помалку.