Владејачката СДСМ во неделдата попладне ќе одржи седница на својот Централен одбор на кој се очекува да стане збор за најавените разрешувања од челните функции на повеќе нивоа во ресорите коишто покажале слаби резултати, што на неодманешните претседателски избори резултираше со многу намалена доваерба од изборичите.
Како што се договори премиерот и челник на социјалдемократите Зоран Заевн на последната лидерска средба со коалицискиот партнер од ДУИ, Али Ахмети, двајцата лидери треба да направат консултации во своите редови пред да излезат со конкретни имиња.
Заев не ги открива имиња на министрите кои ќе ги зафати неговата ткн „метлата“, но затоа ги смени претседателите на сите општински организации. Во ДУИ, пак, се многу порелаксирани и не најавуваат дека би промениле нешто во своите редови, како и дека последниот збор го има лидерот Ахмети.
Според најавите, реконстукцијата на Владата би се случила во првата половина од јуни по што изборот на Заев треба да оди на гласање пред пратениците.