Според српските медиуми, лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ бил пренесен во друга болница, откако неговата здравствена состојба се влошила.
Јовановиќ беше примен во болницата пред неколку дена поради пневмонија, а тоа беше потврдено и од неговата партија.
Според денешните извештаи во медиумите, неговата состојба се влошила и тој се наоѓа во делот на болницата каде што престојуваат пациенти поврзани со кислородна поддршка.
Тој, наводно, бил пренесен од КБЦ „Бежаниска коса“ на Клиниката за заразни и тропски болести на Клиничкиот центар на Србија, а неговата здравствена состојба е лоша.
Како што претходно беше објавено, Јовановиќ бил во контакт со лице кое се заразило со коронавирусот, а веднаш штом ги почувствувал симптомите на болеста, се пријавил во болницата и направил тест за коронавирусот. Резултатите не се објавени.