Од самиот старт се оградував од Јанева. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа. Не е важно дали е осомничениот е шеф или колега“, рече обвинителката Лиле Стефанова по одлагањето на денешното судско рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО.
„СЈО е во најтешката состојба од основањето. Затоа апелирам политичарите да седнат и да го донесат Законот за јавното обвинителство“, рече Стефанова: СЈО е во најтешка состојба од основањето, политичарите да го донесат законот за јавно обвинителство, изјави обвинителката Стефанова, одговарајќи на новинарски прашања.
„Јас немам намера да конкурирам за шеф на СЈО“, додаде таа.
Стефанова појасни дека нема овластување да побара каде моментално е Орце Камчев, осомничениот во „Империја“. Затоа повтори дека е важно да се донесе што побрзо новиот закон. Истрагата за „Империја“ застана со донесувањето на начелното правно мислење на СЈО, кажа Стефанова пред новинарите.